Симеонов за ТВ 24: Потребен е квалитетен и функционален здравствен систем достапен за сите граѓани.
Доктор Ристо Симеонов во емисијата 24 анализа рече дека сега е предизвикот во креирањето на здравствните политики. Здравствени работници кариерата ја креираат преку здравствниот систем.
- Политика се креира преку политички систем и верувам во искрената намера на секој министер да ги подобри условите во здравството. Нам ни е потребен квалитетен и функционален здравствен систем достапен за сите граѓани. Тоа сега го нема, ниту сме го имале во минатото. Докторите го знаат проблемите во здравството и затоа министер за здравство треба да биде доктор, квалитетен и со искуство, кој има визија и добра намера да направи функционален здравствен систем. - рече Симеонов.