Силно невреме во Македонија

Излевање на реки, голема матерјална штета, поплавени подруми, паднати дрвја, ова е сликата по силното невреме кое зафати неколку градови во земјата синоќа, од последиците надлежните имаа полни раце работа.

На терен екипи од комунални претпријатија, против пожарни служби и граѓани, сите со една цел, да се спречи поголема штета. Невреме имаше во Кавадарци, Росоман, Прилеп Охрид.

Од центарот за управување со кризи велат дека била побара помош од нив да се обезбеди механизација, објаснија дека во Прилеп излевањето на речното корито, всушност е проблем кој трае подолго време и е предизвикан од недостигот на канализации. Потенцираат дека уште пред петнаесетина дена предупредиле дека деновиве ќе има нестабилно време со поројни дождови.

Поради невремето што го зафати југоисточниот дел на Охрид во реонот на с.Трпејца и с.Љубаништа проследено со големи врнежи дојде до формирање на буични води што предизвикаа излевање на вода, земја, чакал и поситни камења. Сообраќајот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум беше во целосен прекин, но од цук денеска информираа дека патот е веќе прооден.

Прилепските јавни претпријатија пак заедно со 5 екипи од синоќа се на терен, испумпуваат вода од подрумските простории на неколку куќи во пониските делови од градот, се интервенира и на излеаната вода од Дабничка река и нејзиниот канал. Пријавени се и штети предизвикани од струен удар. Поплавени се 10 објекти, најмногу подруми по синоќешните врнежи на територија на општина Кавадарци. Како што информира градоначалникот Митко Јанчев веќе се работи на нивна санација. Тој упати апел граѓаните да бидат внимателни.

- Службите на Ј.П. Комуналец Кавадарци и покрај интензивното невреме од дожд кое го зафати Кавадарци, работат на чистење на патот во Катуниште, Бошавијата, Моклиште, Глишиќ и многу други локации во Тиквешијата на кои постои опасност од одрони. „Се замолуваат граѓаните да бидат внимателни. - изјави Јанчев.

УХМР пак најавува нови врнежи и нестабилното време кое ќе се задржи подолг период. Иако летото е пред самиот праг, според највите на метеоролозите летните горештини се уште не се на повидок.