Силно невреме, проследено со врнежи од дожд и град, вечерва ја зафати Струмица.
Пороен дожд проследен со врнежи од град предизвикаа поплави по улиците на пониските делови од градот.
Екипи на „Комуналец“ и на Противпожарната единица интервенираат на терен, а засега нема информации за поголеми штети.