Силно невреме ја погоди Словенија, невремето ја зафати и Хрватска

Силен ладен атмосферски фронт од северозапад преку Алпскиот регион предизвика силно невреме најпрвин во Словенија а потоа  и во Хрватска. Нервремето предизвика обилни врнежи, локални поројни поплави, силни ветрови, силни громови и грмежи како и локална појава на крупен град.

Инаку овој силен ладен атмосферски фронт од северозапад, во Алпскиот регион предизвика да има  обилни врнежи од снег каде владееше вистинска снежна бајка како среде зима.

Откако бурата придружена со силен град ги опустоши Италија и Словенија, таа стигна и до најсеверните делови на Хрватска. Силен град падна и во Меѓумурје, објавува Вечерњи.

„Градот почна ненадејно да паѓа. Бурата дојде од правец на Словенија“, рече жител на селото Робаѓе, каде што почна да паѓа град. Пријави за град доаѓаат и од Свети Мартин на Мури и Штригова.