Силна експлозија во Нови Сад
Foto

Силна експлозија во Нови Сад

Во центарот на Нови Сад, вечерва околу 19 часот, одекна силна експлозија, објави Радио-телевизија Војводина.

Според телевизијата, експлозивна направа била поставена под автомобил, а белградскиот весник „Блиц“ пишува дека експлодирал џип.

Првичните информации на некои новосадски медиуми се дека во инцидентот има повредени лица, а возилото е веројатно сопственост на Слободан Милутиновиќ, во српското подземје познат како „Снајпер“. Тој во експлозијата се здобил со полесни повреди, а експлозијата одекнала кога го враќал возилото во рикверц.

Слободан Милутиновиќ, попознат како Снајперист, е познат во полицијата, веќе осудуван за трговија со дрога и напад врз полицаец. Исто така, ова е трет пат да му е запален автомобил Претходно му беше уништен во џипот „Мерцедес 2013“, а потоа во 2018 година му беше запален џип „Волво XC 90“

Експлозивната направа била поставена под возило лоцирано на аголот на улиците Алекса Шантиќ и Пушкинова во Нови Сад. Полицијата врши увид на местото на настанот.

0 Коментари

Остави коментари