Силна експлозија во Мадрид
Foto

Силна експлозија во Мадрид

Силна експлозија одекнала попладнево во Mадрид. Експлозијата уништила три ката од зграда во центарот на градот. Десетина лица се повредени, а спасувачките екипи трагаат по преживеани под урнатините. Причината за експлозијата најверојатно е истекување на гас.

Шпанската телевизија Ла Секст, ги пренесе зборовите на еден сведок кој изјави дека најмалку шест лица се повредени. Градоначалникот на Мадрид рече дека најмалку две лица се загинаа.

Во експлозијата уништени се три ката на зградата во улицата Толедо, пишува весникот Паис. Зградата погодена од експлозијата припаѓа на црквата „Богородица во Палома“, се вели во извештајот на пожарникарите.

Домот за стари лица што се наоѓа во близина, претпрпел големи оштетувања, но портпаролот на таа институција изјави дека ниту еден штитеник ниту вработен не е повреден.

0 Коментари

Остави коментари