Сиљановска: Историските спорови се губење време, Македонија треба да се европеизира преку реформи

Македонија треба да се европеизира преку реформи и владеење на правото, а не преку расправи за историјата и за националниот идентитет, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова во интервју.

Таа нагласува дека ЕУ треба да нѐ оценува според Копенхашките критериуми, а не според историски и идентитетски спорови.

„Оставете нѐ да се европеизираме на патот, да станеме компатибилни со она што го бараат Копенхашките критериуми. Како? Не губејќи го времето на решавање на историски прашања бидејќи тие се исклучени од идентитетските, од конститутивните акти на ЕУ, преку членот дека ќе се почитуваа националниот и културниот идентитет, и да се концентрираме на европеизацијата“.