Сиљановска Давкова: Во извештајот на ЕК техничката оценка се претставува низ политичка призма

По она што го констатираше Европската комисија во извештајот за земјава, како и за немањето напредок во судството во Македонија, денеска претседателката на државата, Гордана Сиљановска Дафкова во таа насока вели дека извештаите треба да бидат повеќе техничка слика и приказна бидејќи тие дијагностицираат, класифицираат и еволуираат. 

Гордана Сиљановска-Дафкова-претседателка на РС Македонија

„Јас секогаш велам, секој извештај не говори само за еволуираниот туку и за креаторот, еволуаторот. Во извештаите кои се однесувале на нас и нашиот годишен напредок има или доминира техничката димензија, но многу често и овој пат е присутна и политичката димензија или едноставно кажано би бил заклучокот дека технички може и да напредувате ама политички може да сте блокирани или техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма. Мислам дека овој вториот аргумент е проблематичен и спорен.“

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вели дека она што е наведено во извештајот, истото го посочувал цело време. Потенцираше дека недостасуваат човечки и материјални ресурси. Додека пак за одвоениот буџет Коцевски вели дека истиот износ, процент, колку и минатата година, согласно законот за јавно обвинителство треба да биде 0.4%, а сега Коцевски посочува дека се предвидени 0.2% без разлика што се настојува и со новиот закон за ЈО дури да се покачи на 0.5%.

Љупчо Коцевски-државен јавен обвинител

„За да има успех во борба против криминалот, треба да се создадат услови. Во конкретниот случај, во ЈО тоа го истакнувам повеќе пати, работиме со јавнообвинителска служба од една третина што значи околу 360 вработени, а ни треба околу 1 126. И минатата година 2024 и оваа 2025 година и за наредната година од страна на министерството за финансии не ни с е дозволува ни едно вработување. Во однос на платите тоа е регулирано согласно закон и нашите плати спредувајќи ги со платите на регионот се навистина најниски.“ 

Претходно, премиерот на државава Христијан Мицкоски во изјава за медиумите посочи јавноста и Брисел да судат дали судиите и обвинителите заслужуваат поголема плата. Минатата недела, Европска комисија во извештајот изнесе загрижувачки тонови за Македонија, од Брисел со „нула“ за борбата со корупција и судството во земјава.