Сиљановска Давкова со остра порака до Филипче: На толку бели линии апсурдно е да зборувате за црвени

Апсурдно и неразбирливо е сега да се зборува за црвени линии смета претседателката Силјановска Давкова која вели дека не го разбира предлогот на СДСМ за изготвување нова декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите.

Уште поапсурдно е додава барањето Македонија да ги прекине преговорите со ЕУ во случај на повторување на бугарско вето. Според претседателката приоритет во моментов е сите политички партии да седнат во Парламентот и да се договорат како ќе настапуваат надвор од државата.

Од СДСМ остануваат при ставот дека е потребна итна интервенција оти Македонија со оваа Влада не само што стагнира туку и уназадува на евроинтеграцискиот пат.

Претходно претседателот на партијата Венко Филипче соопшти дека Декларацијата со „црвени линии“ која ќе биде испорачана до петок ќе треба да помогне во поместувањето на преговарачките позиции на Македонија на патот кон ЕУ.Од власта го очекуваат документот што ќе биде доставен и чекаат да видат што ново ќе понуди опозицијата по што ќе дадат свој инпут.