Силјановска-Давкова: Потребно е обединување и заедништво на сите граѓани и масовно излегување на изборите
Foto

Силјановска-Давкова: Потребно е обединување и заедништво на сите граѓани и масовно излегување на изборите

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова вечерва се обрати на граѓаните во Валандово. Сиљановска Давкова посебен акцент стави на владеењето на правото и правната држава, односно како што рече таа Македонија не е слободна држава во изминатите две и пол години, односно дека со оваа влада таа е далеку од тоа. Сиљановска Давкова спомена дека граѓаните секојдневно се иселуваат од државата, бидејќи со оваа влада тие немаат никаква преспектива за да останат овде.

Сиљановска Давкова смета дека функционерите од владата на Заев се во изборна кампања, односно како што рече таа како професор по уставно право одговорно тврди дека е шок кога ќе се види министер за внатрешни работи во кампања,а гледа и други министри и директори на јавни претпријатија кои се шефови на изборни штабови, нагласувајќи дека со ова не може да се зборува за департизирана администрација.

0 Коментари

Остави коментари