Сиљановска Давкова по обидот за убиство на Трамп: Нема место за политичко насилство во демократските држави
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп, наојстро го осуди инцидентот и посочи дека нема место за политичко насилство во демократските држави... Длабоко сум загрижена поради нападот врз поранешниот претседател Доналд Трамп.
-Најостро го осудувам инцидентот во кој беше пукано врз Трамп. За политичкото насилство нема место во демократските држави. На Трамп му посакувам брзо закрепнување, наведува Сиљановска Давкова.

