Сиљановска-Давкова од Софија: Процесот на проширување на ЕУ мора да се темели на Копенхашките критериуми

Доцна попладнево од Самитот во Софија претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека процесот на проширување на Европската Унија мора да се темели на Копенхашките критериуми, а напредокот во спроведувањето на реформите да го диктира темпото на пристапниот процес.

„Европската интеграција е природна, како и геополитичка и безбедносна неопходност, а стабилен, просперитетен и европски Балкан е во интерес на сите држави во регионот, но и на Европа“, изјавила претседателката Сиљановска-Давкова.