Сиљановска-Давкова од Љубљана: Словенија е еден од нашите најдоследни поддржувачи на патот кон ЕУ

Македонија и Словенија се две земји чии односи ги карактеризира традиционално пријателство и длабока соработка во сите области, вклучително и во економијата. Словенија е еден од нашите најдоследни поддржувачи во евроинтеграцијата и петти најголем инвеститор, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето пред присутните на средбата на Македонско-словенечкиот бизнис клуб во Љубљана.

Според неа, она што нè прави привлечни за словенечкиот капитал, не е само поволната клима, туку и нашите традиционални врски и силната мрежа на лични контакти што одржуваат членовите на бизнис клубот.

Потенцира дека над 40 словенечки компании моментално се активни во нашите стратешки сектори.