Сиљановска Давкова на состанок на Процесот Брдо-Бриони во Црна Гора

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова престојува во работна посета на Црна Гора, А УЧЕСТВУВА на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, на покана на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Од Кабинетот на Сиљановска Давкова информирааТ дека темите на дискусија на кои се фокусира самитот се надоврзуваат на Декларацијата усвоена на минатогодишниот состанок на Процесот Брдо-Бриони и ги адресираат прашањата поврзани со младите и младинските политики, потребата од поголемо регионално поврзување, одржливиот развој и заштита на животната средина, како прашања од заеднички интерес за земјите од Западен Балкан.