Силјановска Давкова на Самит за обнова на Украина

Претседателката Гордана Силјановска Давкова учествува на конференцијата за обнова на украина во Берлин. Силјановска Давкова објави фотографија со украинскиот претседател Зеленски и германскиот канцелар Олаф Шолц. 

Една од пораките на македонската претседателка е дека потребно е да се обезбеди континуирана меѓународна помош и поддршка за обнова, реконструкција и реформи на Украина. 

За воена помош на Украина се разговараше и на Самитот во Латвија кој ги обединува Источните и Балтичките земји членки на НАТО.