Сиљановска-Давкова: Mотото „Посилна Европа - посилно НАТО“ значи проширена и обединета Европа базирана на принципи и вредности
Повеќе кантијанизам од макијевализам. Денеска би дакала да кажам дека мотото „Посилна Европа - посилно НАТО“ според мене значи дека проширена и обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилната Европа е Европа што живее во мир и демократија базирана на принципи и вредности. Тоа е мојата порака - истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во кусата изјава за медиумите пред состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што се одржува во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во Анкара.

