Сиљановска-Давкова ќе одржи централен митинг на 13-ти април во Скопје
На десеттиот ден од кампањата, кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Сиљановска-Давкова ќе одржи митинзи во скопските општини Бутел и Карпош. Според најавата од изборните штабови, Сиљановска-Давкова ќе има централен митинг во Скопје на 13-ти април. Кандидатката на опозицијата во неколку наврати повтори дека треба да има победа за да се делегитимира власта и да се отвори пат за парламентарни избори.

