Сиљановска-Давкова го прими албанскиот претседател Бегај во Охрид
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера во вилата „Билјана” во Охрид го прими претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој е во работна посета на земјава.
Обајцата соговорници изразија задоволство од воспоставеното пријателство и добрите билатерални односи меѓу двете земји.
Се согласија дека регионалното инфраструктурно поврзување е најдобар начин за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Меѓу клучните проекти во оваа област е Коридорот 8 кој треба да биде еден од приоритетите кои ќе овозможат полесна комуникација меѓу земјите во регионот.

