Силјановска Давкова: Генералка викенд треба да прерасне во генералка 365 дена, штитејќи ја природата се штитиме себеси

Штитејќи ја природата се штитиме себеси, а Генералка викенд треба да прерасне во генералка од 365 дена, порача денеска од Скопскиот аквадукт претседателката Гордана Силјановска Давкова на почетокот на тридневната национална акција за чистење отпад „Генералка викенд“. 

Забележувајќи дека треба да ја заштитиме природата на надлежните им предочи дека просторот кај Скопскиот аквадукт, кој е стар повеќе од 2.000 години треба да биде парк.