Сиљановска-Давкова: Држава не се гради само со избори, туку со функционални институции

Предизвици, одлуки, решенија,  панел-дискусијата организирана по повод 35 години од независноста на Република Македонија, под покровителство на претседателката Гордана Силјановска-Давкова. На панел-дискусијата учествуваа политичари кои биле директно вклучени во процесот на носење одлуки поврзани со прогласувањето на независноста на државата, но и сведоци и непосредни учесници во процесите што ги поставиле темелите на современата македонска држава.

Во воведното обраќање, претседателката Силјановска-Давкова нагласи дека со стекнувањето на независноста државата изградила институционален систем, но дека од особено значење е неговото континуирано унапредување со кои што ќе се почитува човековите права и демократските начела.

Поранешниот пратеник Петар Гошев, пак, посочи дека одбележувањето на државноста не треба да се сведува исклучиво на празниците од поновата историја. Тој нагласи дека не треба да се заборават ниту асномските основи, кои, како што посочи, претставуваат еден од клучните темели на современата македонска државност.

Поранешниот пратеник Насер Зибери посочи дека односот меѓу остварувањето на правата и лојалноста кон државата е од суштинско значење за нејзината стабилност и просперитет. Според него, во периодот кон крајот на деведесеттите години тоа недостигало и од едниот и од другиот елемент, при што се осврна на прашањето за остварувањето на правата на албанската заедница во земјата.

Поранешната пратеничка Џулистана Марковска се осврна на одлуките со кои, како што посочи, таа и нејзините колеги биле соочени во периодот на одржувањето на референдумот за независност. Според неа, тоа бил период во кој биле донесени одлуки што суштински го определиле понатамошниот развој и обликување на државата.

Тонско: Џулистана Марковска, поранешна пратеничка во првиот состав на Собранието на Република Македонија

Покрај наведените говорници, за предизвиците и одлуките со кои се соочувала државата во почетокот на деведесеттите години говореа и Панде Колемишевски, Благој Ханџиски, Славе Наумовски, Мухамед Халили, Ламбе Аранудов и Туше Гошев. Тие ги споделија своите сведоштва и искуства од периодот во кој, како директни учесници во политичките процеси, биле вклучени во носењето на одлуките поврзани со осамостојувањето и изградбата на независната македонска држава.