Силен земјотрес утрово на Крит и Санторини

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала изутринава ги погоди грчките острови Крит и Санторини.

Епицентарот бил на длабочина од 68 километри, околу 82 километри североисточно од главниот град на Крит, Хераклион.

До сега нема информации за повредени или материјална штета.