Силен земјотрес од 7,2 степени во Таџикистан
Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Таџикистан.
Земјотресот се случил во 8 часот и 37 минути по локално време, на длабочина од 10 километри.
Земјотресот е регистриран на оддалеченост од околу 80 километри од границата со Кина, а силно е почувствуван во одредени области во кинеската област Ксинџијанг, вклучително и во Кашгар.
Одделот за железници Ксинџијанг повика да се запрат патничките возови на делот Аксу до Кашгар на јужната железница Ксинџијанг.
Освен во Кина, овој силен земјотрес беше почувствуван и во Пакистан, Узбекистан, Авганистан и Кина.