Силен земјотрес од 6.1 степени регистриран во Грција
Foto

Силен земјотрес од 6.1 степени регистриран во Грција

Силен земјотрес беше регистриран кусо пред 9.30 часот утрово (по локално време), со епицентар во морскиот дел меѓу грчките острови Крит и Китира. Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија на Грција, земјотресот бил со јачина од 6.1 степен според Рихтеровата скала, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот беше особено почувствуван на островот Крит, а за сега, повеќе од половина час по земјотресот нема пријави за повредени лица или материјална штета.

Иако епицентарот беше на над 250 километри од Атина, беше почувствуван и во грчката престолнина.

Грчките медиуми претходно информираа, според првични информациии, дека земјотресот бил со интензитет од 5,8 степени.

Албанските медиуми во врска со вчерашниот земјотрес во близина на Драч јавуваат дека бројот на загинати досега се искачи на 24. Медицинска помош побарале околу 650 луѓе.

0 Коментари

Остави коментари