Силен земјотрес на Хаваи
Foto

Силен земјотрес на Хаваи

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран јужно од островот Хаваи, соопшти американскиот геолошки институт, но нема предупредување за цунами или извештаи за можна штета.

Според Институтот, земјотресот бил на длабочина од 35 километри, а неговиот епицентар бил јужно од градот Наалеху. Институтот прво соопшти за земјотрес со јачина од 6,1 степени, но подоцна го зголеми на 6,2.

Земјотреси од оваа јачина може да предизвикаат сериозни штети.

Американскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека нема предупредување за цунами.

0 Коментари

Остави коментари