Силен земјотрес на Филипините

Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени го погоди Минданао, вториот по големина остров на Филипините, додека во меѓувреме беше издадено предупредување за цунами. Населението е во процес на евакуација, додека на социјалните мрежи се споделуваат шокантните сцени од земјотресот.

ЕМСЦ соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 63 километри. На социјалните мрежи се споделуваат страшни снимки од земјотресот.

Како што предупреди филипинскиот Институт за сеизмологија, ситуацијата е сериозна и опасна, при што се дадени инструкции како жителите на овој остров да се подготват за евакуација, но и како да се однесуваат во затворени простори.

- Се очекуваат бранови високи над еден метар во деструктивно и опасно по живот цунами. Крајбрежните заедници кои може да бидат погодени мора веднаш да се евакуираат – се наведува во соопштението на Институтот.

Како што пренесуваат некои медиуми, евакуација имало и во делови на Јапонија поради предупредувањето за цунами.