Силен земјотрес ја погоди Кина

Властите евакуираа повеќе од 7.000 жители од погодените подрачја како мерка на претпазливост по земјотресот, се наведува во извештајот.

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот Гуангси во јужна Кина, при што загинаа двајца и предизвика уривање на 13 згради, објави „Ројтерс“.

Потврдени се двајца смртни случаи, а едно се уште се води како исчезнато, а четири лица се испратени во болница, иако ниту едно од нив немало повреди опасни по живот, соопштија CCTV и државната новинска агенција „Ксинхуа“.

Државниот радиодифузен сервис CCTV ги идентификуваше починатите како двојка – 63-годишен маж и 53-годишна жена – и рече дека напорите за пребарување и спасување на исчезнатото лице се во тек.

Деведесет и едногодишен маж, кој претходно беше исчезнат, беше пронајден и испратен во болница на лекување, додаде CCTV.

Видео објавено од радиодифузерот покажа тим спасувачи како го носат повредениот маж на носилка.

Тринаесет згради се урнаа во раните утрински часови во понеделник, објави државниот радиодифузер CCTV.