Силен мирис на бензин предизвика паника и ги прекина интервенциите на повеке клиники во склоп на кампусот „Мајка Тереза“

Силен мирис на бензин денеска дигнал паника кај вработените и пациентите на клиниките за Траумотологија, Детска хирургија и Урологија на хируршките клиники во комплексот „Мајка Тереза“ дознава ТВ24 од извори од клиниките. Според информациите мирисот на бензин почнал да се чувствува денес после пладне и силно ги исплашил вработените и пациентите кои сеуште не биле под дејство на анестезија и кои се подготвувале за интервенции. Поради миризбата дел од интервенциите кои биле закажани се одложени или се веднаш прекинати. Изворите на ТВ24 велат дека миризбата најмногу се чувствува во салата 8 на клиниката за Трауматологија, во салите 11 и 12 за Детска хирургија и во дел од салите на Урологија. Вработените предпоставуваат дека мирисот на бензин доаѓа од вентилацискиот систем кој го носи воздухот од надвор, но причините се непознати. Министерот за здравство Арбен Таравари претходно најави дека до крајот на 2024 година хирурките сали на Клиничкиот центар во Скопје нема да функционираат нормално, и дека веќе е објавен тендер за компресорите, но и дека ако е потребно ќе се обиде да се најде начин за реновирање и на салите во болницата „8 Септември“.