Сијарто: Заеднички ќе ја браниме границата на Србија и Македонија

Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто изјави дека Унгарија, Австрија и Србија се договориле да ги здружат силите и дополнително да ги зајакнат границите меѓу Србија и Северна Македонија, како во однос на персоналот, така и на опремата.

На крајот од трилатералната средба на Австрија, Унгарија и Србија за миграцијата, Сијарто истакна дека тие три земји не ги бранат само своите граници, туку и границите на ЕУ.