Сијарто и Османи не разговараат за Груевски, само за ЕУ перспективата на Македонија
Foto

Сијарто и Османи не разговараат за Груевски, само за ЕУ перспективата на Македонија

Унгарија се погласна во подршката за датум на Македонија со Европската унија, но не  и за екстрадицијата на екс премиерот Никола Груевски. По неколкуте средби во Будимпешта со Груевски - унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто денеска допатува во Скопје на средба со вицепремиерот Бујар Османи.

Се огради од одговороност за барањето за екстрадиција на азилантот, а не сакаше да открие ниту детали од нивните разговори.  Вели престојот на Груевски во Унгарија е правно прашање. До надлежното министерство во Будимпешта, пак денеска пристигнало и второто барање за екстрадиција на Груевски, кој веќе 6 месеци ужива политички азил во Унгарија, додека македонските власти го бараат за одлежување на затворската казна.

„Делот од 17 х + Некој што бил премиер во овој регион десет години претпоставувам има добро сознание и разбирање за регионот. Не сум овластен да објавам за содржината на разговорите, но можам да ви кажам дека и господин Груевски многу се залага за вашето пристапување во ЕУ.“ - изјави Изјава Петер Сијарто – министер за надворешни работи и трговија на Унгарија.

И за Османи прашањето околу екстрадицијата на Груевски е правно прашање, вели надлежните институции треба да го решат овој проблем, според него фокусот на денешната средба била европската перспектива на Македонија.

„Унгарија е предводник на групата земји – членки на Европската Унија, кои, експлицитно, преку декларација, побараа забрзување на процесот на европско интегрирање на земјава, и отворање на преговорите – веднаш.“ - истакна Османи.

Сијарто уште еднаш повтори Унгарија е еден од најголемите поддржувачи на земјава како јавно, така и зад затворени врати и оти така ќе продолжи и понатаму. Македонија според шефот на унгарската дипломатија, за пристапувањето кон Европската Унија огромна поддршка добива и од Груевски. Утре унгарскиот парламент, треба да го ратификува протокол за членство во НАТО на Македонија.

0 Коментари

Остави коментари