„Шверцери“: „Штетата” можела да биде предизвикана и пред, и по нашиот настан во МНТ
Foto

„Шверцери“: „Штетата” можела да биде предизвикана и пред, и по нашиот настан во МНТ

„Сите снимки, а посебно нашата снимка половина час по настанот во празната сала, ги демантираа тенденциозните известување за наводното демолирање, вандализам и дивеење“- ова е демантот на навивачката група Шверцери една недела по инцидентѕот во МНТ. Во соопштението тврдат дека тие немаат врска со штетата направена во театарот.

„Чудни се заклучоците без записник на состојбата на салата пред и по настанот, и со намерна пропаганда три дена по настанот, на кој што нема забележано ниту еден инцидент во ниту еден билтен. Сомнително е исто така пријавувањето на наводна штета три дена по настанот што остава простор за размислување дека „штетата” можела да биде предизвикана и пред, и по нашиот настан, слично како на сериозните оштетувања од негрижа на објектот надвор и внатре“, стои во соопштението на навивачката група.

Тврдат дека тие биле организатори на настанот.

„Организатор на настанот сме ние, навивачката група Шверцери. На настанот како гости ги поканивме сите играчи и тренери, сегашни и поранешни, на нашиот клуб, поранешното и сегашното раководство на клубот, градоначалници и пратеници, и други кои што не удостоија со нивното присуство.“ - стои во соопштението на навивачката група, која на крајот како што пишуваат, се заблагодаруваат на МНТ за соработката.

0 Коментари

Остави коментари