Шведска заинтересирана за инвестирање во земјава и за подобрување на трговската размена
Прехранбените производи од земјава како главен адут за подобрување на соработката со нордиските држави. Кондиторските производи на прво место, а од зеленчукот зелката, ова се производите кои ќе треба здрастично да се зголемат во маркетите во Шведска но и во останатите држави од нордискиот регион.
Денеска во Скопје се одржа средба помеѓу македонски и шведски бизнисмени каде се дебатираше на тема како македонските производи да се најдат на тие простори.
Самуел Наумовски Викиус ... директор р на Шведско Македонската стопанска комора
„За да се навлезе на овие пазари неопшодно е разбирање на стандардите, очекувањата и деловната култура. Нашата цел не е само да споделуваме информации туку и да изградиме мостови помеѓу нашите деловни заедници “
Во Македонија веќе има 30тина компании кои солидно функционираат, изјави амбасадорот на Шведска во земјава Ола Солстром. Цедлта сега таа бројка дас се зголеми а со тоа да се подобри и трговијата помешу двете држави.
амбасадор на Кралството Шведска во Македонија Ола Сулствором 5.29 клип 609
„Економската дипломатија и соработка е ситуација во која сите добиваат. Ако ваша фирма извезува , ако може да формираме шведски претставништва тука, ако може да се зголеми трговијата тоа би било фантастично за Шведска, но и фантастично за вашата земја, фантастично за младите луѓе.“
Заменик министерот за земјоделство смета дека преку меѓународни конференции, саеми и посети на нордиските држави од страна на македонските бизнисмени соработката помеѓу двете земји може драстично да се подобри.
Албрим Хоџа заменик министер за земјоделство 4.56
„Потенцијалот за извозот е преку македонското вино, свеж зеленчук и овошје и производи од преработувачката индустрија како и конзервирани производи, кондиторски производи, но ги каниме и земјите од нордискиот регион да ја посетат Севрна Македонија и да ја претстават понудата на нивните фирми.“
Лани Шведска според вредноста на трговска размена со Македонија беше позиционирана на 19то место. Со Данска и Норвешка, трговијата е нешто послаба, но со услови и можности кои ветуваат подобра иднина. Месото и рибата пак се производите кои најчесто се во увозот на земјава од нордиските држави.

