Швајцарија победи на Песна на Евровизија

Швајцарскиот претставник Немо е победник на изборот за песна на Евровизија. Со песната „Код“ (The Code) Немо освои вкупно 591 поен.

Големото финале на Песна на Евровизија започна со обраќањето на принцезата Викторија која им посака среќа на сите учесници на Евровизија. Точно 50 години по победата на АБА со „Ватерло“, Евровизија повторно е домаќин на овој избор.

Под мотото „Обединети во музиката“, беа претставени сите  финалисти заедно со големата петорка со звуците на музиката на АБА. Големото финале спектакуларно го најавија водителките Петра Маде и Малин Акерман кои најавија шоу за паметење. Сите учесници излегоа на свената еден по еден, а најголем аплауз доби претставникот на Хрватска, Бејби Лазања.

Финалето го отвори домаќинот Шведска со претставниците Маркус и Мартиниус и нивната песна „Незаборавно“. По нив настапија Украина, Германија, Луксембург, Израел чија претставничка направи вистинска драма на втората вечер, кога публиката во салата воопшто не ја поддржа, а нејзиниот настап беше проследен со свирежи, по неа настапи Литванија, Шпанија, Естонија, Ирска со најконтраверзниот настап на Бамби Туг, Латвија, Грција, Англија, Норвешка, Италија, Србија, Финска, Португалија, Ерменија, Кипар, Швајцарија, Словенија, Хрватска која исто како и првата полуфинална вечер ја крена публиката на нозе. На момент дури и вокалот на пејачот Бејби Лазања беше надгласен од публиката која громогласно пееше со него, дури и посилно од првата вечер. По Хрватска во последниот дел настапија Грузија, Франција и Австрија.

Поради учеството на Израел на Евровизија, имаше и масовни улични протести низ Малме. Екстремно левичарската партија Сумар, членка на шпанската коалициска влада, од почетокот на Евровизија покрена петиција со која бара Израел да биде исклучен од финалето на поради војната во Газа.

Наспротив нив, на другот крај на Малме се собраа израелски поддржувачи. Полицијата масовно е присутна во градот, а многумина преку социјалните мрежи и јавно пред камери се заканија дека доколку победи Израел, ситуацијата може драстично да ескалира.

Во 2024 одбележува 50 години откако AБA ѝ ја донесоа првата победа на Шведска на Изборот за песна на Евровизија со „Ватерло“. Малку е позната дека АБА се натпреварувала и претходната 1973 година, но без поголем успех. По завршувањето на официјалниот дел, во шоуто беше одадена почит на АБА, овојпат со помош на вештачката интелегенција, но и со настапот на Кончита Вурст.

Единствената жена победничка на Евровизија Лорејн имаше свое шоу во паузата на гласањето.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) одлучи претставникот на Холандија, Јост Клајн, да не учествува во финалето на овогодишниот избор за песна на Евровизија. Одлуката уследи по инцидентот што се случи по настапот на Клајн во полуфиналето, што резултираше со жалба од жена член на продукциската екипа и истрага од шведската полиција.

Најпрвин беше претставена жири комисијата, но нивното претставување не помина без свирежи од публиката.

Од земјите прва гласаше Ирска која 12 поени додели на Швајцарија, потоа Англија која 12 поени додели на Португалија, Луксембург 12 додели на Швајцарија, Азербејџан 12 поени додели на Швајцарија, Сан Марино 12 поени даде на Швајцарија, Малта на Швајцарија, Хрватска 12 поени додели на Португалија, Албанија 12 поени даде на Швајцарија, Чешка 12 поени додели на Украина, Израел 12 поени даде на Луксембург, Австралија 12 поени даде на Ирска, Данска 12 поени даде на Швајцарија, Шпанија 12 поени додели на Швајцарија, Норвешка 12 поени даде на Швајцарија, Германија 12 ја даде на Шведска, Ерменија 12 поени додели на Франција, Словенија 12 поени даде на Франција, Грузија 12 поени даде на Швајцарија, Швајцарија 12 поени даде на Грција, Молдавија 12 поени даде на Украина, Грција 12 поени даде на Швајцарија, Естониjа 12 поени даде на Швајцарија, Холандија 12 поени даде на Швајцарија, а нејзиното соопштување на глаови беше проследено со скандирање од публиката, Австрија 12 поени додели на Швајцарија, Франција и даде на Франција 12 поени на Португалија, Италија 12 поени даде на Швајцарија, Финска 12 поени додели на Швајцарија, Португалија 12 поени додели на Швајцарија, Белгија 12 поени додели на Франција, Исланд 12 поени додели на Франција, Латвија 12 поени даде на Швајцарија, Ирска 12 поени даде на Швајцарија, Полска 12 поени даде на Швајцарија, Кипар 12 поени додели на Хрватска, Litvanija 12 поени даде на Швајцарија, Србија 12 поени даде на Hrvatska, Шведска 12 поени даде на Швајцарија.

Според гласовите од публиката и телефонското гласање, и гласањето на земјите кои не учествуваат во натпреварувањето, но имаат право на гласање, Естониа доби 33 поени, Финска 31 поен, Норвешка доби 4 поени, Словенија доби 12 поени, Грузија доби 19 поени, Австрија доби 5 поени, Шпанија доби 11 поени, Србија доби 32 поени, Литванија доби 58 поени, Кипар доби 44 поени, Латвија доби 28 поени, Грција доби 85 поени, Англија воопшто не доби поени, Израел доби 323 поени со што го презеде водството на табелата, Луксембург доби 20 поени, Германија доби 18 поени, Ерменија доби 82 поени, Шведска доби 49 поени, Португалија доби 13 поени, Ирска доби 136 поени, Украина доби 307 поени, Италија доби 104 поени, Хрватска доби 337 поени, со што го презеде водството, Франција доби 227 поени.

На крај останаа Швајцарија со 365 поени и Хрватска со 547 поени, и со 226 поени Швајцарија е победник на Евровизија.

Ова е единствената награда за победникот на Евросонг, бидејќи освен стаклениот пехар во вид на микрофон не добива ништо друго, освен популарност, зголемување на настапите и нивната цена. Додека Немо скокаше од радост на сцена трофејот падна на подот и се скрши. Ова е прв пат во историјата на Евросонг некој го скрши трофејот.

Групата демонстранти кои се собраа на централниот плоштад на шведскиот град домаќин пред да се упатат кон местото на натпреварот, вееја палестински знамиња и извикуваа „Евровизија обединета со геноцид“ - варијација на официјалниот слоган на настанот „Обединети од музиката“. Демонстрантите својот гнев го насочија поради одлуката на ЕБУ за учеството на Израел на Евровизија, а дополнително се зголеми откако Израел влезе во финалето.

Десетици илјади пропалестински демонстранти пред одржувањето на финалето излегоа на улиците на Малме, протестирајќи против учеството на Израел на изборот за песна на Евровизија, а ситуацијата надвор се вжешти кога Израел за кратко го презеде водството на табелата.