Швајцарија - Италија е првата осминафинална двојка на Европското првенство

Со голот на Ѕакањи во последните моменти од натпреварот, Италија се пласираше во осминафиналето од второто место во групата Б на Европското првенство. Првата осминафинална двојка на ЕП, Швајцарија против Италија кои ќе се сретнат на 29 јуни во Берлин.

Шпанија го чека својот ривал, а тоа ќе биде третопласирана репрезентација. Во горниот дел од жрепката, освен Шпанија, се и Германија и Португалија, тоа е веќе познато, но тие и натаму ги чекаат своите противници.

Додека Италија и Шпанија од групата Б сигурно се во осминафиналето, Хрватска е трета со два бода и сè уште има минимални шанси за пласман во нокаут-фазата, но мора да се исполнат четири услови.

Во вторник Англија треба да ја победи Словенија со најмалку три гола разлика, а Данска треба да биде подобра од Србија. Потоа, во среда Турција мора да слави против Чешка, а Португалија да ја надигра Грузија.