Шурле се пресели во Спартак со одобрение од неговата сопруга
Foto

Шурле се пресели во Спартак со одобрение од неговата сопруга

Играчот од средниот ред на Спартак Москва, Андре Шурле призна дека пред да се пресели во рускиот клуб од Борусија се советувал со неговата сопруга. Според него, мислењето на брачниот другар имало важна улога во трансферот.

– Ана беше дефинитивно важен фактор за преселба во Спартак. Никогаш нема да има ситуација кога ќе се преселам во клуб каде таа воопшто не сака да оди. Затоа секогаш разговараме за можностите пред да донесеме одлука, и ако двајцата се согласуваме, тогаш позитивно се одговара на поканат, изјави Шурле.

Дваесет и осумгодишниот Германец во Спартак дојде како позајмен играч од страна на Борусија Дортмунд. И минатата сезона Шурле беше на позајмица, настапуваше за Фулам.

0 Коментари

Остави коментари