Шумски пожар во атарот на селото Бајково Ново Село

Поради зголемена опасност од ширење на пожарот и опасност по црквата Св. Петар и Павле, во гаснењето ќе бидат вклучени два „ер трактори“ на ДЗС кои ќе помогнат на струмичките пожарникари и на доброволците од ДПД Рис и граѓани кои помагаат во заштита на црквата.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека поради опасноста од натамошно ширење на огнот треба да бидат вклучени и два ер-трактори на ДЗС.

Пожарот гори на планински терен, а приоритет на екипите е пламенот да не стигне до црквата и да не се прошири кон околината.

Градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов изрази благодарност на неколкуте граѓани од Двориште, пожарникарите од ТППЕ Струмица, доброволците од ДПД РИС-ОПЕРАТИВЦИ, како и на Дирекцијата за заштита и спасување кои ја спасија Црквата Св. Апостол Петар и Св. Апостол Павле во Бајково од огнените јазици.