Шукова: Треба десетици години да се реши проблемот со загадениот воздух
Илузорно е да мислиме проблемот со аерозагадувањето можеме да го решиме две, три или четири години. Праксите покажуваат дека тоа се случува од десет до 20 години, одобено за големите градови, вели министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во неделното интервју на РСЕ.
- Тоа се определени денови во годината и морам да кажам дека во изминатите денови бројот на тие денови се намалува, што е многу добро и значи дека сме презеле одредени мерки. Јас се надевам дека, меѓу другото, и кај граѓаните се подигнала малку јавната свест, па не користат нееколошки материјали за да се затоплуваат. Она што го кажуваа статистиките во Европа и во светот, е дека особено на главните градови им требаат повеќе години за да можат да се справат со овој проблем, односно да се префралт од нееколошки системи за затоплување, кон еколошки системи за затоплување, коишто помалку го загадуваат воздухот. Илузорно е да мислиме дека тоа можеме да го направиме за две, три или четири години. Праксите покажуваат дека тоа се случува од десет до 20 години. За големина на градот Скопје треба најмалку треба околу десетина години за да се инвестира сериозно, да се научат граѓаните како да се однесуваат, да се научиме сите како треба да се однесуваме, меѓутоа само заеднички можеме да го решиме проблемот. - вели Шукова.