ШТРАЈК НА ИЗВРШИТЕЛИТЕ
Foto

ШТРАЈК НА ИЗВРШИТЕЛИТЕ

Клуч на вратите од канцелариите – предлогото за намалувањето на награда при извршување на парични побарувања од граѓани од 1.000 на 300 евра – ги налути извршителите. Oд комората на извршители велат дел од нив едвај преживуваат – дел пак досега веќе останале без работа.

Тие денеска нема да работат во текот на целиот ден - револтирани се од предлогот на Министерството за правда за новиот тарфиник. Првиот човек на Комората Зоран Димов – во телефонски разговор за ТВ24 појаснува со новиот предлог наградите им се намалуваат за 70 проценти и тоа вели станува збор за второ намалување. Од Комората на извршители велат предлогот на министерката Рената Дескоска за нив е неприфатлив - се надеваат оти со надлежните ќе дојдат со заедничко решение-прифатливо за сите.

„Собранието на извршителите изразува незадоволство за повторното намалување на Тарифата во тековнава година, а исклучиво од причина што со таквиот предлог извршителските канцеларии се доведуваат во финансиска несолвентност. Собранието на комората на извршители се надева дека спорните прашања на општо задоволство ќе бидат решени со цел за остварување на општо прифатеното начело на владеење на правото.“ - велат од КИРМ.

Од правда ја смируваат топката – најавуваат дека за новиот тарифник, но и за измените во законот за извршување – ќе се разговара и на следната владина седница. Велат Министерството ги разгледуваат сите опции за да се постигне правичност при извршувањето. 

„Министерството за правда до крајот на неделата ќе излезе со сериозни предлози на закони коишто ќе бидат од огромен бенефит за граѓаните. Станува збор за три законски решенија - дел кои предвидуваат измени во Законот за извршување, но и создавање на посебни закони за решение на каматите и репрограмирањето на долговите.“ - велат од Министерство за правда.

Според последните објавени податоци од Комората на извршители во земјава во 2018 година имало регистирано вкупно 97 извршители – додека во 2017 нивниот број изнесувал 101 извршител. Минатата година извршителските канцеларии примиле вкупно 112.250 барања за извршување, од кои завршени биле 62.515 предмети, при што наплатени биле речиси 127 милиони евра.

Наспороти барањето на извршителите - граѓаните од иницијативата „Стоп за извршители“ потегот на Владата за намалување на тарифата го поздравија – но од работата на извршителите и натаму се незадоволни. Својот револт секој вторник го изразуваат пред ресорното министерство - бараат ветинг и за извршители, но и ревизија на целиот процес на наплата.

0 Коментари

Остави коментари