Штрајк на грчките цариници, прекин на сообраќајот на граничните премини со Грција

Сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Северна Македонија, денеска и утре ќе биде во прекин поради 48-часовниот штрајк на грчките царинските службеници.

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независна управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк на 2 и 3 април, а од Синдикатот на вработени во јавниот сектор преку соопштение изразија поддршка за штрајкот.

Поради дводневниот штрајк на цариниците се очекува целосно да биде во прекин сообраќајот на граничните премини од и кон Грција за товарните возила и секаков вид пратки, а истото ќе важи и за автомобилите.