Што значи дуплирањето на гласовите на Мециновиќ во Скопје за иднината на Левица?

Освоените 61 илјади гласови на  Амар Мециновиќ во вториот круг од локалните избори за Левица е доволен показател дека во оваа партија ќе се преструктуираат опозициските тенденции.

Ставот на Левица е дека огромниот број на неважечки ливчиња кои според патијата се претежно од неопределените гласачи е потег на неинтелигентен избор, бидејќи според нив тоа не е соодветниот начин на изразување незадоволство, во еден ваков изборен модел. Според политикологот Зорана Антовска  резултатот кој го оставри Левица а е речиси идентичен како на последните парламентарни избори е уште еден доказ дека членството и симпатизерите на партијата добро се  мобилизирале.

ЗОРАНА АНТОВСКА ПОЛИТИКОЛОГ

„Бројот на гласови не треба да се гледа како потенцијал, како апсолутен факт бидејќи глас против ВМРО или против СДСМ не е апсолутен глас за Левица. Така што тука треба да бидеме претпазливи во тоа како ги анализираме овие пчодатоци. Тоа што можеше да се забележи во вчерашните изјави на раководството на Левица а кое многу ме загрижува со самиот факт на неважечки ливчиња беше фактот дека тие го попвикаа гласачкото тело на СДСМ  да застане на парламентарните избори зад нив. И со оваа изјава според мене може само да се подигне револтот и на гласачкото тело и на СДСМ, меѓутоа и на граѓани кои што беа решени нивниот глас да не го дадат на никого.

Александар Кржаловски од МЦМС за Телевизија 24 вели дека Левица со овој резултат освоен на овие избори е далеку од втора политичка сила во земјава. СДСМ има освоено двојно повеќе гласови и двојно повеќе советници, па со тоа Левица не може да биде замена за СДСМ, не засега, додава Кржаловски. За честитање е тоа што Левица успеала да ја расипе монотонијата, и да влзе во финале за градоначалничкото место во Скопје.

Александар Кржаловски – МЦМС

„Искуството во овие 30 години може да ни каже дека многу се обиделе да наштетат и на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ, но тие две партии сепак опстојуваат како најголеми на македонската политичка сцена. Ако се сеќавате по поразот во 2017 на локалните избори ВМРО имаше само четити или пет градоначалника, сдсм 57. Сега е обратна ситуацијата и тоа не пртедизвика распад на ВМРО ДПМНЕ, напротив еве сега има сосема друга ситуација. Така да нема да е така лесно да се преземе. И таму имаше обидио да се преземе, МВРО Вистинска, македонска ваква – таква, и во СДСМ имаше обиди Нова СДСМ на Тито Петковски.“

На овие локални избори Левица го задржа трендот на раст на партијата, но доколку таа тенденција ја посакува раководството и во иднина мора да го промени начинот на комуникација и средствата со кои ќе се обидува да добие членови од другите партии, но и да освои симпатии кај неопределени граѓани. Со овој стил на делување какој што во моментов има партијата – достигнат е пикот, сметаат аналитичарите. Инаку на овие локални избори Левица освои 64    советнички места во локалните самоуправи низ Македонија и ниедно градоначалничко.