Што содржат се 263 амандмани од опозицијата за предлог буџетот за 2023 година

Со околу 200 амандмани тешки речиси 800 милионики евра опозициската ВМРО-ДПМНЕ го нападна предлог Буџетот за 2023 година кој е најтежок до сега и изнесува 5,3 милијарди евра. Бараат по 3.000 денари за секој работник во земјава и од државниот и од приватниот сектор како помош се додека трае економско енергетската криза.

Над 80 милиони евра да се пренаменат за работниците, а синдикатите на ЕСС да одлучат каде е најитно да се прераспределат. Бараат пари  и за студентите, да се зголеми сумата за студентски оброк од 120 на 160 денари, но и за подобрување на условите во студентските домови. Да не запрат проектите на општините. Но и намалување на акцизата на горивата и викенд без ДДВ. 

Два амандмани од вкупно поднесените 263 се од Алтернатива. Бараат пренамена  на над 13 милиони евра од државната каса за подобро функционирање на јавните здравствени установи, како и за нивна реконструкција и доградба и зголемување на енергетската ефикасност со поставување на фотонапонски панели.

Амандмани има и од  Беса, СДСМ ДУИ. Од БЕСА велат најбитни им се амандманите за инфраструктурни проекти во Тетово, Желино и Скопје, како и за патот до Шапка. Од СДСМ како наклучен го издвојуваат амндманот вреден околу 9 милиони евра за обезбедување на редовна исплата на студентски оброк и за израмнување на студентските стипендии соглансо законот.

Комисиската расправа треба да продолжи утре и да трае максимум 10 работни дена до кога ќе се знае и дали за некој од поднесените 263 амандмани  ќе се издвојат пари во државната каса. Предложениот буџет се очекува на пленарна седница да се најде  кон средината од декември.