Што се поседува Сашо Мијалков и неговиот најблизок круг во државата и надвор?
Foto

Што се поседува Сашо Мијалков и неговиот најблизок круг во државата и надвор?

Семејството Мијалкови се поврзува со милионски бизниси со нафта, градежништво, обезбедување, хотели, недвижности.

Но на хартија, според официјалните податоци од Централниот регистар, самиот Сашо Мијалков има скромна сопственичка структура. Сопственик е на фирмата „Спин груп“, која во 2018г пријавила профит од само 40 илјади денари. Мијалков поседува и боксерски клуб и фондација „Свети маченик Димитриј Солунски“. А се јавува и како управител во фирмата Mакпоинт. 

Но, добар дел од империјата на Мијалков е префрлена кај неговите деца. Но и тука целата сопственичка структура е сплетена како мрежа, па е тешко да се добие целосна слика за сите можни бизниси на семејството и парите што ги вртат во земјата но и во странство. 

Јордан Мијалков, постариот син на поранешниот разузнавач ја поседува Бест Веј Инвестмент, која во моментов е блокирана од УЈП. Но оваа фирма води кон други пет фирми, кои пак влечат нов бран на сопствеништво на нова група фирми од различни дејности-нафта, градежништво, хотели, фармација, игри на среќа. Токму преку Бест Веј Инвестмент и Дивелоп груп Мијалкови имаат сопствеништво и во луксузниот хотел Мериот.

Семејството поседува две фирми за трговија со нафта и бензиски пумпи и на двете управители се другари на синот Јордан Мијалков. Помалиот син на поранешниот шеф на тајната полиција, пак, има само една фирма „Васт енг“ -за компјутерско програмирање, регистрирана лани. 

Покрај „јавните бизниси“, за Мијалкови се врзуваат и многу „тајни бизниси“.

Една од најуспешните анонимни фирми, познатата офшор компанија Ексико и покрај тоа што никогаш не се дозна вистинскиот сопственик, често имаше партнерски односи и милионски бизниси со фирмите на Камчев и на Мијалков. Ексико официјално се уште е активна, но е под блокада на УЈП. 

Покрај бизнисите во земјата, Мијалков поседува фирми, апартмани и недвижнини во вредност од неколку милиона евра и во странтсво.

Човекот на кој само небото му беше граница дојде на македонската сцена како син на првиот министер за внатрешни работи во независна Македонија, Јордан Мијалков, стана синоним за неограничена моќ со првиот братучед, експремиерот Никола Груевски, но и како децениски директор на тајната полиција.

0 Коментари

Остави коментари