Што предвидува новиот закон за градба?
Градежништвото во слободен пад, од двигател на економијата сега бележи негативни резултати. Дали најавените капитални инвестиции ќе го покренат градежниот сектор? Што предвидува новиот Закон за градба? Ќе се зголемат ли цените на становите поради мораториумите?
Во 24 анализа дебатираат Горан Сугарески, министер за транспорт и врски, Ивица Јакимовски, Сојуз на стопански комори, Андреј Серафимовски, Стопанска комора на Македонија и Менди Кира, Стопанска комора на Северозападна Македонија.