Што прави власта за женските права

Под мотото „Жените громогласни за Македонија“ денеска во Градскиот парк во Скопје  се одржа 20-тата Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Истрајноста во борбата за правата и интересите на жените е клучен двигател на општествените и политичките промени рече Жаклина Пешевска. 

Според Пешевска, жените кои се активни во партиските структури и во поширокото општество ćе уште се соочуваат со бројни предизвици, но нивната упорност и визија овозможуваат создавање на стратегии кои ги надминуваат бариерите и отвораат простор за нивно суштинско учество.

Унијата на жени е модел, платформа за глобално женско лидерство, рече Пешевска. Додаде дека  преку унијата градиме мостови, соработуваме со организации ширум светот, каде докажуваме дека македонската жена има што да каже, што да направи и знаење да понуди. 

Жената не треба да биде почитувана по привилегија само затоа што е жена, туку преку својот труд, знаење, способности и квалификации. Пешевска рече и дека како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ дава силна поддршка за донесување на Национална стратегија за демографија преку конкретни мерки кои ќе се однесуваат на поддршка на мајките и семејствата како целина.