Што однесе во смрт толку многу луѓе во Бугарија?
Foto

Што однесе во смрт толку многу луѓе во Бугарија?

Човечка грешка, за која бугарските обвинитечи тврдат дека имаат индиции, лоша сигнализација и инфраструктура, непочитување на законските прописи. Што однесе во смрт толку многу луѓе во Бугарија? Има ли осми преживеан патник и каде е, или пак како што тврдат македонските вештаци од Судска медицина, има остатоци и од 45то тело? Зошто мораше толку луѓе да заминат во смрт, за да царина да влезе на граничните премини? Зошто државата не ја научи лекцијата од пред само 3 години и случајот Ласкарци? Незаинтересираност, корупција, системски пропусти - кој ќе одговара?

Во 24 анализа вечерва разговор со директорката на царинската управа Славица Кутиров, како и анализа на професорите Борис Мурговски од Факултетот за безбедност и Зоран Јошевски од Битолскиот технички факултет кој што е и вештак за сообраќајни несреќи.

0 Коментари

Остави коментари