Што ќе значат даночните реформи од први јануари

Прогресивниот данок се укинува - и од први јануари останува данокот на личен доход на 10 проценти. Се размислува да се воведе данок за екстра профити на компании кои за време на кризата оствариле натпросечни профити. 

Хонорарците ќе може доброволно да плаќаат придонеси, но од 2024 година откако ќе се направат законски измени и платформа за фриленсери.

Ова се само дел од новините во даночната реформа која треба да почне да се применува од први јануари.

Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека даночната реформа не значи зголемување даноци и даночни стапки туку се однесува  на проширување на даночната основна по два основа – намалување на сивата економија и ревидирање на даночните ослободувања.

Целта на оваа даночна реформа и претставениот концепт според него  е воспоставување современ даночен систем кој ќе биде поправеден, потранспарентен, поедноставен и поквалитетен.