Што ќе содржи, кој ќе биде опфатен и од каде пари за шестиот пакет мерки?
Foto

Што ќе содржи, кој ќе биде опфатен и од каде пари за шестиот пакет мерки?

Петтиот пакет антикризни мерки усвоен, кога и кој прв ќе добие дел од финансиската помош? За фирмите државата нуди бескаматни кредити за исплата на плати. Ќе има ли интерес во услови кога стопанството е на респиратор? 

Отпис на камати за долгови кон јавни претпријатија - козметичка мерка или вистинска помош? Во најава шести пакет на мерки, што ќе содржи, кој ќе биде опфатен и од каде пари? Dали не очекуваат нови задолжувања? Вработени менаџари од туристички агенции и угостителскиот сектор излегуваат на протести, бизнисите колабирани.

За петтиот пакет антикризни мерки, за најавениот шести пакет, за тоа дали има пари за вакцинирање на економијата дебатираат Фатмир Битиќи вицепремиер за економски прашања, Ана Марија Алексова туристички агенции, Мартин Ангеловски туристичко угостителска комора.

Вклучување и на Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничка на СДСМ која позитивна на Ковид-19 во скафандер дојде во Собранието да гласа за антикризните мерки. Kаква порака прати со нејзиното присуство во Собранието, опозицијата најавува крвични пријави, бурни реакции и на осуда и на поддршка.

0 Коментари

Остави коментари