Штипскиот архив одбележува 70 години од основањето
Foto

Штипскиот архив одбележува 70 години од основањето

Со монографија и поставка на документи што се чуваат во штипскиот архив денеска оваа институција го одбележа светскиот ден на архивите и 70 години од основањето.

Свидетелства за завршено основно образование на двајца жители од штипско ново село потпишани од револуционерот Гоце Делчев се едни од најстарите документи што се чуваат во неговото депо.

Тука се чува и дипломата напишана со османлиско писмо на штипјанецот Христо Димитриев првиот хирург на балканот, како и  личната архива на Сергеј Михаилов, творецот на првата опера во Македонија, која се состои од негови нотни записи и тестаментот.

0 Коментари

Остави коментари