Штипјанецот Марко Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска
Штипјанецот Марко Џорлев денеска го освои златниот медал на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Бјeлско Бјала, Полска. Џорлев кој е дел од македонската репрезентација во финалето го победи Адам Ваги од Република Унгарија со резултат 4 :1.
Неговите тренери Сашко и Жарко Арсовски од Карате клубот (КК)-Штип на социјалните медиуми објавија дека Марко Џорлев е светски шампион.
- Македонија има Светски Шампион,Штип има Светски Шампион,карате клуб Штип има Светски Шампион. Радувај се Македонијо. Фала му на Господ за сѐ - напишаа Сашко и Жарко Арсовски.

