Штип вечерва им оддаде почит на загинатите во „Пулс“

Штип вечерва им оддаде почит на Филип Ивановски, Дамјан Таневски, Александар Ефремов, филип Стевановски и Александар Коларов, кои пред една година починаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Беше поставен камен-темелник за изградба на спомен-обележје кај малата фонтана во близина на градскиот плоштад „Слобода“.

На плоштадот „Слобода“ се палеа свеќи во чест на починатите, а се формираше и симболично „ѕвездено небо“.