Штедачите од „Еуростандард банка“ со иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста член од законот за банки
Foto

Штедачите од „Еуростандард банка“ со иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста член од законот за банки

Оштетените депоненти на Еуростандард банка преку иницијатива до Уставниот суд  бараат  оценка на уставноста член од законот за банки.

Со поднесената иницијатива се бара поведување на постапка до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на член 163 став 3 од законот за банки, со којшто се дава предност за целосно подмирување на побарувањата на Државниот фонд за осигурување на депозити од стечајната маса пред побарувањата на сите останати доверители.

Според нив овој член прави нееднаквост и дискриминација на доверителите во стечајната постапка на банката, бидејќи врз основа на оваа одредба се фаворизира побарувањето на фондот за осигурување на депозити наспроти сите други доверители.

0 Коментари

Остави коментари